Мерните станици покажуваат загадување, во Лисиче и Гази Баба се уште се вон функција

Од:

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање поставени во скопскиот регион покажуваат загадување на воздухот што според мерењата најзагаден бил меѓу 17 часот вчера попладне и 2 часот по полноќ.

Во овој период концентрацијата на ПМ10 честичките биле над100 достигнувајќи и до 240 микрограми на метар кубен. Потоа, податоците покажуваат, намалување, но повторно над максимално дозволените концентрации од 50 микрограми на метар кубен.

Во скопскиот регион се уште вон функција се двете мерни станици во Гази Баба и Лисиче, каде според објавуваните податоци имаше најголемо загадување. Од Министерството за животна средина се уште нема официјална информација кога ќе бидат тие ставени во функција.

Покрај скопскиот, високи концентрации или загадување на воздухот се забележани во Битола, Куманово, Кичево, Кавадарци и Струмица, но над дозволеното има и во Тетово, Кочани и Гостивар.

Од загадувачките супстанции во воздухот суспендираните честички претставуваат најголемиот ризик по здравјето. Не постои идентификуван праг за концентрациите на суспендирани честички под кој не е забележана опасност по здравјето. Краткотрајното и долготрајното изложување на суспендирани честички може да влијаат врз здравјето. Здравствените ефекти од PM се јавуваат по вдишување на честичките. Зависно од нивната големина, суспендираните честички може да навлезат во белите дробови и крвотокот и да предизвикаат негативни ефекти врз респираторниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и нервниот систем. Колку се поситни честичките, толку подлабоко навлегуваат во белите дробови.

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 утврден на 100 микрограми во два последователни дена се препорачува да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва.

Во ваква состојба Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Прагот на алармирање е утврден на 200 микрограми на метар кубен при што се воведуваат итни мерки на две мерни станици меѓу кои беспалтен превоз, ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар., реорганизација на работното време на лицата кои работат на отворено…

Би можело да ве интересира

Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град