„СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп: Немаме никаква поврзаност со рускиот бизнисмен Иван Савидис

Од:

Компнијата „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп ги демантира сите тврдења за каква било поврзаност на компанијата со рускиот бизнисмен Иван Савидис, како и наводите за поврзаност со Владата, премиерот Зоран Заев и која било политичка партија во Македонија.

-Наводите во текстот објавен од страна на порталот„Економски лидер“ на 3 ноември, под наслов „Ексклузивно: Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести“, дека рускиот бизнисмен Иван Савидис е сопственик на компанијата „СЕКЕ“ АД Грција и на правното лице „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп се апсолутно неточни. Истите невистини се повторуваат и во текстот под наслов „Власта под руско влијание: Царина ја стопирала истрагата за комбинатот на Русинот Савидис!“ објавен на истиот портал на 5 ноември и покрај нашиот демант, велат од „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп.

Нагласуваат дека компнијата „СЕКЕ“ АД Грција, чиј полн назив е „Корпоративно здружение на тутунопроизводителите на Грција СЕКЕ АД“ е основана во 1947 година и до денеска ја нема променето својата сопственичка структура.

-Категорично нагласуваме дека во сопственичката структура на „СЕКЕ“ АД Грција, никогаш не фигурирала личност со име Савидис. Сите наводи во објавените текстови на порталот „Економски лидер“ за некаква вмреженост на компанијата со Владата и нејзини претставници се апсолутно неточи, се вели во деманотот од „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп и се апелира до политичките партии да не наседнуваат на лажните информации.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски