ВИДЕО: Кирацоски бара да му се одземе мандатот на Груевски

Од:

Александар Кирацовски од СДСМ побара одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски.

„Оваа седница да биде пример и да одѕвонува во иднина за сите функционери кои ќе го прекршат законот или ќе го заобиколат“, рече Кирацовски.

Тој додаде дека врз основа на пресудата, Груевски е недостоен за пратеник.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни против одземање на мандатот на Никола Груевски и пратениците ја напуштија салата откако образложија дека се работи за политички прогон. На седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието, не се појави ниту експремиерот, Никола Груевски. Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд за пресудата од две години затворска казна поради случајот со „мерцедесот“.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он