Косовскиот министерот за надворешни работи Енвер Хоџај смета дека средбата на претседателите на Косово и на Србија, Атифете Јахјага и Томислав Николиќ во Брисел, значи де факто признавање на Косово од страна на Белград.
Ова тој го изјавил во интервју за престижниот австриски весник „Дер Стандрад“ додавајќи дека за неговата земја најзначајни теми во понатамошниот дијалог со Србија се распуштање на нелегалните структури на северот на Косово и зачленувањето во меѓународните организации.
– На следната средба српскиот премиер Ивица Дачиќ треба да донесе значајна одлука а тоа е распуштање на нелегалните структури, кои се контролирани и финансирани од Србија, истакнал Хоџај, додавајќи дека само тогаш на северот ќе се создаде една нова релност каде ќе може да се спроведат демократски избори.
Во врска со понатамошните чекори на Косово, министерот Хоџај нагласил дека крајна цел ќе биде членство на Косово во Организацијата на обединетите нации.
– Повеќе од сигурни сме дека заокружувањето на процесот ќе биде членството на Косово во ОН, изјавил Хоџај за австриски „Дер Стандард”.