Поинтензивни станаа блокадите на грчките земјоделци, во северен дел на Грција, на кои им се придружија и такси возачите и вработените во трговскиот сектор.
Постои можност земјоделците од областа Серес, кои се лоцирани на магистралниот пат Серес-Солун и Серес-Промахон да се упатат и кон граничниот премин Промахон, како и да постават блокади низ целата држава.
Фармерите започнаа со протестите пред две недели, кога побараа повеќе субвенции за намалување на цените на горивата и исплата за надминато производство.
Колаициските партнери Андонис Самарас, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис вчера донесоа одлука за исполнување на дел од барањата на земјоделците.