Роберт Левандовски повторно е во центарот на германската спортска јавност, откако денеска ги демантира информациите објавени во медиумите дека наводно на крајот на сезонава ќе ја напушти Борусија Дортмунд и ќе стане нов член на Баерн Минхен.
– Не сум разговарал со никој за мојата иднина, а не пак да сум се договорил за нов трансфер. Немам ништо потпишано, а овој демант го давам најмногу поради навивачите на Борусија Дортмунд. Со ова ставам крај на шпекулациите и не давам повеќе коментари на оваа тема, истакна Левандовски.
Договорот на најдобриот стрелец на Бундес лигата за минатата сезона со „милионерите“ од Дортмунд има важност до 2014 година.