Надал: Операцијата помина добро

Од:

Операцијата на десниот глужд на носителот на 17 Гренд слем титули, Рафаел Надал, поминала успешно, соопшти самиот тој на социјалните мрежи.

„Матадорот“ поради хируршкиот зафат откажа учество во финалниот „Мастерс“ турнир на АТП и не можеше да се бори против Новак Ѓоковиќ за првото место на светската ранг-листа на крајот од 2018 година.

– Ви благодарам за пораките што ги добив вчера и денеска. Операцијата на глуждот помина добро и сакам да ви кажам дека го откажуваме егзибицискиот настан за поддршка на жртвите во Мајорка, напиша Надал на Твитер.

Откако Шпанецот го пропушта последниот АТП турнир за годинава, на негово место во Лондон се најде Џон Иснер, а другата резерва – Кеј Нишикори – доби право на учество заради откажување на Хуан Мартин дел Потро.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал