Наскоро ќе останеме без кафе!

Од:

Светот наскоро може да остане без кафе, омилениот пијалак на повеќето од две милијарди луѓе. Тоа го докажаа британските научници од Кралските ботанички градини во Лондон, кои дошле до податоци дека во 2080 година билката „Кафе арабика“, може да изумре поради климатските промени.

Истражувачите под водство на доктор Арон Дејвис, направија компјутерска симулација на влијателните климатски промени во источна Африка, каде што расте билката.

Тие заклучија дека во наредните 70 години, поради глобалното затоплување може целосно да се уништат местата кои што се погодни за растот на кафето.

Според заклучокот доколку јагленот диоксид продолжи да се ослободува со ова темпо, до 2080 година, 65 проценти од површината на која денес расте оваа билка ќе стане несоодветна.

Но, постои можност до истата година, да исчезнат дури 99,7 проценти од денешните плантажи за кафе.

Според експертите цветовите на кафето се многу осетливи и кога температурата ќе стане повисока, тие лесно можат да се исушат.

 

Исто така, од климатските промени е загрозен и квалитетот на билката, бидејќи зрната можат бргу да созрејат, што не е добро.

 

Дека последиците ќе бидат видливи и на глобално ниво, покажува податокот дека кафето веднаш по нафтата, е најпродаваниот производ во светот, со годишен извоз од 15 милијарди долари.

 

Кафето, како напиток според сите показатели е најпопуларен пијалак во светот.

 

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава