Денвер поуспешен од Бостон, Мареј постигна рекордни 48 поени

Од:

Денвер Нагетси запишаа победа во дуелот со Бостон Селтикс 115:107. Дерби мечот во Колорадо го обележа Џамал Мареј, кој постогна рекордни 48 поени.

Првата четвртина целосно им припадна на гостите од Масачусец, кои акумулираа предност од 18 поени. Меѓутоа, работите се сменија во вториот период, Нагетси не само што се вратија во мечот, туку на 20 секунди до крајот имаа водство.

Третата четвртина мина во знакот на Џамал Мареј (Денвер) и Кајри Ирвинг (Бостон), а Нагетс во решавачкиот период влегоа со предност од седум поени, 88:81. Последната четвртина му припадна на Канаѓанецот Мареј, го со тројки го затрупа кошот н Бостон.

21-годишниот Мареј натпреварот го заврши со 48 поени, пет скока и четири асистенции. Кај Нагетс уште се истакнаа и Херис и Лајлс со по 13 поени, односно Милсап со 10. Бостон го предводеше Ирвинг со 32 поени и по пет скока и асистенции. По 15 поени постигнаа Тејтум и Браун.

Деневер се втори на Западот со девет победи и еден пораз, додека Бостон има скор од шест победи и четири порази.

Резултати:

Детроит Пистонс-Мајами Хит 115:120, Њујорк Никс-Чикаго Булс 115:116, Јута Џез-Торонто Репторс 111:124, ЛА Клиперс-Минесота Тимбервулвс 120:109, Орландо Меџик-Кливленд Кавалирс 102-100, Окахома Тандер-Њу Орлеанс Пеликанс 122:116, Индијана Пејсерс-Хјустон Рокитс 94:98, Голден стејт Вориорс-Мемфис Гризлис 117:101.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот