Рекорден број јапонски деца извршиле самоубиство во изминатиот период, соопшти денеска јапонското Министерството за образование.
Во фискалната година 2016/7 до март, 250 деца од основно и средно образование си ги одзеле животите. Тоа се пет повеќе самоубиства во однос на минатата година, и е најголем број од 1986 година, јави Би-Би-Си.
Децата најчесто се одлучуваат на тој чекор поради семејни проблеми, грижи за нивната иднина и врсничко насилство. Но училиштата велат дека причините за околу 140 смртни случаи се непознати, бидејќи учениците не оставиле проштално писмо..
Повеќето од оние кои си ги одзеле животите биле во средно училиште.