Хелсиншки: 24-ти декември е удар врз уставниот поредок

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]
Хелсиншкиот комитет изготви посебен извештај за  49-тата седница на Собранието и за случувањата пред и во Собранието на 24-ти декември 2012 година.

Комитетот со загриженост констатира дека со ваквите дејствија се врши удар на уставниот поредок на Република Македонија, случувањата преставуваат досега невиден застрашувачки преседан спротивен на основните принципи на правната држава владеењето на правото.

„Особено загрижува фактот што пратениците од опозицијата беа насилно отстранети од собраниската сала од страна на досеганеидентификувани лица за кои сеуште не е утврдено дали се припадници наспецијални полициски единици или на обезбедувањето на Собранието на Република Македонија.

– Притоа, постојат основани сомненија за тенденциозно и однапред смислено отстранување на пратениците од опозицијата, како резултат на фактот дека во собраниската сала биле присутни и пратениците Маринела Тушева и Панче Орцев, кои седеле од страна и воопшто не учествувале во настанатиот неред, а сепак биле и тие присилно отстранети“, стои во Извештајот.

Според оценката,  примената е несразмерна физичка сила врз пратениците и новинарите при нивното отстранување од собраниската сала.

„Со насилното отстранување на новинарите од собраниската сала е постапеноспротивно на член 16 и член 70 од Уставот на Република Македонија, член 19 од Универзалната декларација за човекови права, член 10 од Европската конвенција зачовековите права, член 2,225 и 227 од Деловникот на Собранието, поради исклучување на јавноста од работата на Собранието“, стои во заклучоците.

Со оневозможување на работата на пратениците од опозицијата, односно околноста дека на истите не им биле дадени електронски картички за учество на седницата претседателот на Собранието постапил спротивно на неговите обврски и должности, констатира Хелсиншкиот комитет.

Велат останува отворено прашањето за начинот на кој што биле направени снимките објавени на официјалниот „Ју тјуб“ канал на Министерството за внатрешни работи, а кои го регистрираат настанот на сосема поинаков начин од останатите објавени снимки на медиумите.

Хелсиншки комитет бара:

• Да се истражи изјавата на пратениците од опозицијата дека биле неовластено снимани во текот на ноќта на 23.12.2012 година;

• Да се утврдат причините поради кои на извештаите од Законодавно-правната комисија и Комисијата за финансирање и буџет се потпишани од страна на група членови на комисијата односно со ознака с.р. без видлив потпис;

• Дали на пратениците од опозицијата им бил доставен дополнетиот предлог – буџет за 2013 година и останатите материјали потребни за учество на седницата?

• Дали бил одржан координативен состанок меѓу претседателот на Собранието,  потпретседателите и координаторите на пратеничките групи?

• Дали на пратениците им бил оневозможен пристапот до собраниската сала и учество на седницата поради непоседување на електронски картички?

• Кој ја издал наредбата за присилното отстранување на новинарите и пратениците од опозицијата од собраниската сала, со посебен осврт на причините поради кои и пратениците Маринела Тушева и Панче Орцев биле, исто така, отстранети од салата и покрај тоа што воопшто не биле дел од инцидентот?

• Кои биле службените лица кои учествувале во присилното отстранување на новинарите и пратениците од собраниската сала, како и причините поради кои овие лица во толку голем број се наоѓале во Собранието на Република Македонија, а притоа е ноторно дека истите не се припадници на службата за обезбедување на Собранието

• Причините поради кои во стенограмските белешки од 49-тата седница на Собранието на Република Македонија не постои евиденција за инцидентот.

Комитетот, на крајот препорачува, доколку од независната истрага се утврди деканаредбата за присилното отстранување на новинарите и пратениците од собраниската сала била дадена од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, истиот да поднесе неотповиклива отставка поради прекршување на одредбите од Уставот на Република Македонија, меѓународните документи и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Горенаведеново дотолку повеќе што во член 43 став 2 од Законот за Собранието на Република Македонија е утврдено дека овластените службени лица од органите на државната управа не можат без одобрение на претседателот на Собранието да преземаат мерки спрема пратениците, работниците во Службата на Собранието и кон други граѓани.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште