Сензација во Париз: Хачанов преку Ѓоковиќ до прв Мастерс трофеј во кариерата

Од:

Рускиот тенисер Карен Хачанов е сензационален победник на турнирот од Мастерс 1000 серијата што се играше во Париз. Русинот во денешното финале беше поуспешен од Новак Ѓоковиќ со 2-0, по сетови 7:5 и 6:4.

Во меч кој траеше нешто помалку од 100 минути, видлив беше заморот кај фаворитот Ѓоковиќ кој вчера одигра исцрпувачко тричасовно полуфинале со Роџер Федерер.

Младиот 22-годишен Русин покажа дека има голем потенцијал да напредува на АТП листата.

Тој стигна до својот четврти трофеј на АТП турнирите во исто толку финални мечеви.

Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од 4,87 милиони евра.

И покрај поразот, прв во своето петто финале во Париз, Ѓоковиќ од утре ќе биде прв светски рекет, додека Хачанов ќе се искачи на 11 позиција на светската ранг листа.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ истрча во парк во Париз и ѝ помогна на жена со куфери, Французите воодушевени

А1он

Тенис Австралија негира дека Ѓоковиќ се повлекол од АТП купот

ВИДЕО: Ѓоковиќ на три чекори до вечноста

Катерина Ѓуровски

Ѓоковиќ експресно во третото коло на УС Опен

Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати