Започнува 63-тото Берлиенале

Од:

Берлинскиот интернационален филмски фестивал, Берлиенале, ќе започне денес по 63ти пат. Фестивалскиот директор, Дитер Кослик, ветува мешавина од продукции од големи студија и независни режисери и продуценти, и според берлиеналска традиција светски и политички проекти.

„Главната тема ако ја видите програмата во целост е жената. Не само како тема за режирање, туку и како режисерки“, вели Кослик.

Оваа година американската и француската продукција го воодушевиле Кослик и неговиот комитот, па двете земји ќе бидат претставени со три филма во секој област со познати глумци како Мет Дејмон, Џуд Ло, Стивен Содерберг, Џулиет Бинош, Катрин Денув и Изабел Хуперт.

Во текот на 11-дневниот фестивал ќе бидат прикажани 400 филма, од кои 17 добиле поддршка од медиумската програма на ЕУ. Отворањето ќе биде прославено национални и интернационални ѕвезди и премиерно издание на филмот „The Grandmaster“ од Вонг Кар Веи. Приказната на филмот е за двајца кунг фу мастери во 1936 година, на ноќта на јапонската инвазија.

Победниците на златните и сребрените мечки ќе бидат прогласени на 16-ти февруари.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ