Куповната моќ на Грците е намалена за половина покажува најновото истражување на Конфедерацијата на професионалци, занаетчии и трговци во Грција (ГСЕВЕЕ), oбјави електронското издание на грчкиот весник „Та неа“.
Според резултатите од истражувањето околу осум од десет Грци го ограничиле купувањето на основни прехранбени продукти. Половина од анкетираните признаваат дека би купиле стока без фискална сметка, ако имаат корист од тоа.
Претседателот на ГСЕВЕЕ Димитрис Асимакопулос истакна дека 93 проценти од учесниците во истражувањето изјавиле дека приходите во последните три години им се намалени. Речиси 94 проценти од анкетираните изјавиле дека прекинале да одвојуваат трошоци за ресторани.