(ВИДЕО) Стоилковски: Барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ и одлуката на судиите се политички мотивирани

Од:

Правниот Франкенштајн СЈО, вон сите закони, служи како алатка во заплашувањата за едно општество само за Зоран Заев и криминалната однародена банда, за вработување на кадри кои го девастираат правото, а судството и правниот систем ги претворија во отворена пупка седната во скутот на единствениот аболициран политичар за криминал во Европа, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Помилуваниот однароден криминалец знае дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот бедем во заштита на државните и национални интереси, и затоа ги впрегна партиските обвинители од СЈО и клиентелистичкиот суд за да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ. По бандитизмот со силувањето на демократијата и на Собранието, веќе не се бираат средства за оваа банда да си обезбеди бришан простор за реализација на распродажбата на се што е македонско и за општ грабеж. Еден месец по референдумскиот дебакл на Заев, партиското обвинителство СЈО во своето незаконско работење, побара да биде замрзнат целокупниот имот на партијата, а партиското судство без никаква основа донесе позитивна одлука, рече Стоилковски.

Тој рече дека ова се случува во време кога Заев го гази отфрлањето на капитулацијата и на помалку од шест месеци пред одржувањето на претседателските избори во Република Македонија.

– Барањето на СЈО и одлуката на судиите се исклучиво, и исклучиво политички мотивирани. Одлуката на судиите Димишкова и Реџепагиќ се целосно неосновани и без никаква правна аргументација. Прво и основно, не постои мандат, овластувања и надлежност за поведување на барање за определување на привремени мерки од страна на СЈО. Второ и уште поважно, ВМРО-ДПМНЕ како правно лице воопшто не е осомничено во постапката, туку единствената намера е политички прогон и нарушување на можноста за нормално делување на политичка партија на опозицијата. Судот незаконски задира во правата на лица кои не се осомничени и со тоа јавно се испраќа порака на заплашување дека секој може да биде жртва доколку не се согласува или се спротивставува со антидржавните политики на Заев. Почитувани, ќе ја повторам пораката до политичките инспиратори, нарачатели, помагачи и реализатори на ова црно сценарио: можете да се заканувате, можете да се обидете да уценувате, да блокирате и да попречувате. Но не ви се плашиме. Со секое насилство дополнително мотивирате. ВМРО-ДПМНЕ нема да го скршите, бидејќи ништо не може да ја скрши волја и одлучноста во борбата за Македонија, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис