ВИДЕО: Продолжи изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“

Од:

Рано утрово продолжи изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“ без протести или обиди да се сопрат багерите. Инвеститорот Фатмир Етеми вчера најави дека ќе продолжи со градење оти утврдиле дека нема начин да биде обесштетен.

„Градежните работи се во тек. Нема проблеми, нема протести. Уште еднаш сакам да кажам дека тоа што сум го ветил, дека ќе градам ново зеленило, нов парк, ќе го исполнам, ќе го одржам зборот што сум го дал. Освен зеленилото покрај зградата, во соработка и консултација со граѓаните од околните згради ќе одбереме локација за нов парк во чии рамки ќе изградиме и детско игралиште со реквизити за игра. Ова е нашиот начин да докажеме дека сме општествено одговорна компанија“, изјави за „Макфакс“ инвеститорот Етеми.

Покрај за Аердром, Етеми вели дека неговата компанија Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ќе инвестира во решавање на голем градски проблем, но за тоа остави да информираат градските служби и градоначалниците.

Етеми продолжи со градење по тринеделни преговори со Општина Аеродорм и Град Скопје во кои се бараше начин тој да биде обесштетен, а деветкатницата да не се гради иако има одобрение за градење и предвидена е во урбанистичките планови. Нова локација соодветна оваа кај „Мајчин дом“ не успеале да најдат, а за обесштетување со пари празна била касата на Аеродром од која требаше да се одвојат 8 – 11 милиони евра за обесштетување.

Во средата и Уставниот суд потврди дека плановите се донесени во законска процедура и покрај бројните забелешки од граѓаните. Со одлуката на Уставниот суд, од Аеродром рекоа дека се исцрпени сите можности за обесштетување.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски