Португалија ќе испрати седум воени инструктори во Мали

Од:

Португалија донесе одлука да испрати седум воени инструктори во Мали, во рамките на мисијата на Европската унија за поддршка на армијата на Мали.

Одлуката е донесена вчера на седница на Врховниот совет за национална безбедност, претседаван од претседателот на републиката Анибал Каваку Силва.

Франција започна воена интервенција во Мали кон средината на јануари, на барање на властите во оваа африканска земја, соочени со офанзива врз главниот град Бамако на исламистички бунтовници, кои ги контролираат северните и централни делови на земјата од средината на минатата година.

Европската мисија за инструкции и обука на вооружените сили на Мали може да биде подготвена за дејствување кон средината на март, изјави извор од француското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија