САД: Го поддржуваме дијалогот Белград-Приштина

Од:

САД по средбата на претседателот на Србија  Томислав Николиќ со претседателката на Косово Атифет Јахјага соопштија дека силно го поддржуваат продолжувањето на дијалогот за нормализирање на односите и надминување на разликите, што ќе овозможи Белград и Приштина да продолжат на својот европски пат.

Претставник од Стејт департментот, изјави за Танјуг, дека Вашингтон и честита на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон што ги седна Николиќ и Јахјага на заеднички состанок во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ.

– Ние ќе продолжиме да бидеме целосно вклучени, заедно со владите од ЕУ и Унијата во целина, за поддршка на овие напори, нагласи претставникот на американската администрација.

Српскиот претседател Николиќ изјави вчера дека средбата со Јахјага е отворена „книга за договор“, но дека во случај на дополнително инсистирање на признавање на Косово, дијалогот меѓу Белград и Приштина не може да оди во добар правец, ниту да донесе заедничко решение.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор