Инвеститорот на зградата кај „Мајчин дом“ најавува дека ќе изгради нов парк во Аеродром

Од:

Сопственикот на зградата што треба да се гради кај „Мајчин дом“ во општина Аеродром денеска преку соопштение најави дека ќе вложи средства во изградба на нов парк во општината.

– Ова е наш придонес за општината и граѓаните. Нашата компанија е општествено одговорна и сакам да обезбедиме подобри услови за живеење во Аеродром. Стојам на располагање и за други еколошки проекти во општината и во процесот сум спремен целосно да ги вклучам граѓаните, вели сопственикот Фатмир Етеми.

Тој најави продолжување на градежните активности на плацот пред „Мајчин дом“ откако вчера Уставниот суд не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДИП И-10, а потоа и од општина Аеродром соопштија дека се исцрпени сите механизми за да се стопира изградбата на објектот.

Во соопштението од компанијата „ЗСФ-КОМ“ чиј сопственик е Етеми се наведува дека во разговор со надлежните институции заклучено е дека нема начин да му се надомести штетата која е проценета на повеќе од осум милиони евра или да му се обезбеди заменска парцела со приближна вредност.

Зградата кај „Мајчин дом“, како што ветуваат од компанијата, ќе биде целосно енергетски ефикасна, со вертикално и хоризонтално зеленило и посебен систем за одржување.

– Дополнително инвеститирот ќе обезбеди 100 високоизраснати дрва и целосно партерно уредување на плацот околу „Мајчин дом“, се наведува во соопштението.

Против изградбата на зградата кај „Мајчин дом“ протестираа локалните жители по што општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи. Од општината претходно информираа дека ДУП И-10 со кој е опфатена оваа зграда е донесен тајно и без дебата од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски