Харадинај: Безбедносните сили нема да ги заменат ниту КФОР ниту НАТО во Косово

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека трансформираните Безбедносни сили на Косово (ФСК) нема да претставуваат замена за КФОР и НАТО, туку ќе ја продолжат успешната соработка со нив.

Харадинај на денешната, 9-та конференција на тема „ФСК и партнерите“, орагнизирана од Министерството за ФСК, рече дека Косово го чека долг и напорен процес до транзицијата на ФСК во војска.

– Позицијата на ФСК е демократска и претставува еден глобален процес, а оваа транзиција ќе придонесе за регионалната и глобалната безбедност, ќе ја покаже нашата зрелост и готовност да преземеме поголема одговорност заедно, изјави косовскиот премиер.

Тој нагласи дека КФОР и НАТО и натаму ќе бидат добредојдени во Косово.

– Некои ставови е важно да се слушнат уште еднаш. ФСК нема да го замени КФОР и КФОР е добредојден во нашата држава. ФСК нема да го замени НАТО, присуството на НАТО е секогаш добредојдено во нашата држава и ние сакаме да се приклучиме на оваа организација, сакаме да службуваме со вас, рече Харадинај, порачувајќи дека Косово е подготвено за зачленување во Интерпол и во НАТО.

Тој вети дека со трансформацијата на ФСК ќе се обезбеди негова мултиетничност и професионализам, а мултиетничноста, како што нагласи, е „загрозена од насилството кое е неприфатливо“.

– Недозволиво е да им се упатуваат закани на невини луѓе и на семејствата на припадниците на одредени организации или институции во нашата држава, изјави Харадинај, алудирајќи на информациите дека припадниците на ФСК од српска националност се под постојан притисок, уцени и закани од официјален Белград и неговите емисари во Косово, поради што 50-тина од нив годинава веќе ја напуштија службата.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски