Актерката и пејачка Џенифер Лопез својата сексапилност и добро тело често ги истакнува носејќи прилепена и тесна облека. Но, особено внимание привлече нејзината фотографија на „Инстаграм“, на која Џенифер позира речиси гола.
Американската пејачка и во својата 49. година не дозволува гоидните да ја прегазат. Со редовни тренинзи и здрава храна таа ја одржува совршената линија на која може да ѝ позавидат и многу помлади девојки.
„Џенифер е како виното. Колку што е постара, толку е подобра. За тоа може да им биде благодарна и на гените, но клучот на нејзиниот успех е во исхраната. Многу е дисциплинирана за тоа што јаде и не пие многу алкохол. Нејзиното тело е храм“, вели нејзиниот личен тренер Давид Киршч.