(ВИДЕО) Туфегџиќ: До каде е истрагата за загинатите планинари на Кајмакчалан?

Од:

Пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегџиќ денеска за време на собраниската седница, на која се пратенички прашања, праша до каде е истрагата за планинарите кои загинаа на Кајмакчалан. Како што рече брзината на истрагата ја револтира јавноста и семејствата.

„Има дискрепанца на рокови и месеци. Дополнително прашање е до каде е сега истрагата, тоа е општествена одговорност. Прашувам во име на семејствата, да има правда и да се дознае што довело до тоа двјцата млади да ги загубат животите?“ праша Туфегџиќ.

Би ценела, рече Туфегџиќ, доколку истрагата биде наскоро обелоденета.

Истото прашање таа го постави до обвинителството и во јули.

Се уште се исцрпуваат прашањата од претходната седница.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус

Предраг Петровиќ

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи