За 6,8 проценти зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работници во индустријата во септември годинава во однос на септември лани е зголемен за 4,3 проценти, а пораст од 6,8 проценти бележи во периодот јануари -септември годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот „рударство и вадење камен“ во септември годинава споредено со септември лани има пораст од 2,1 процент на бројот на работниците, во „преработувачката индустрија“ пораст од 4,7 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 0,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7,3 проценти и „капитални производи“ за 17,2 проценти, кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ е на исто ниво додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 0,8 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за два процента.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 106.8.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата