Претседателот на едно од крилата на Движењето БЕСА, Биљал Касами го праша премиерот Заев дали во индина ќе треба повторно да се враќаат на отворање на Пандорината кутија, по изјава на премиерот дека „Не е потребно дополнително ширење на Пандорината кутија“, како одговор на барањата на двете опозициски партии на Албанците, Беса и Алијанса на Албанците“.
Тие нема да условуваат, а доколку Заев не ги прифати барањата на партијата, тогаш тие ќе продолжат понатаму со процесот за зачленување во ЕУ и НАТО.
„Граѓанската еднаквост е нешто за кое сите се залагаат. Ова се вредности за исполнување на заедничкиот сон за НАТО и ЕУ. БЕСА не влегуваше во овој прес со уценување. Ние и понатаму ќе ја дадеме раката за соработка. Во овој дел се надеваме дека ќе надвладеат документите. Се надеваме дека ако премиерот имаше време да разговара со луѓе кои се инкриминирaни во разни случаи, ќе има време да ги разгледа нашите барања. Панот Б, доколку Заев не ги прифати барањата, е да продолжиме со процесот кон ЕУ и НАТО“, вели Касами.
Според Касами, доколку овие прашања не се решат сега, ќе бидат повторно ставени на маса на следните избори. Тој посочи дека Заев не треба да блокира бидејќи под мотото „Едно општество за сите“ тој добил гласови од Албанците, а сега барањата од него се големи.
Барањата на БЕСА се за вметнување на амандмани во Уставот со цел унапредување на правата на Албанците во Македонија.
Кристијан Ландов