МЕР: Гасоводот на Водно ќе има минимално влијание врз екосистемот на Водно и скоро никакво врз воздухот во Скопје

Од:

АД МЕР реагира на соопштението на иницијативата „Го сакам Водно“.

„Во врска со соопштението на граѓанската иницијатива “Го сакам Водно”, ја информираме јавноста дека изградбата на гасоводот на лот5 , Скопје –Тетово – Гостивар, продолжува според основниот проект кој што има правосилно одобрение за градба, и сите други потребни дозволи дефинирани со позитивните законски прописи. Изградбата е според сите стандарди на квалитет и безбедност. Ако има сомнеж или индикации за каква било повреда на некои законски постапки и прописи, ги повикуваме сите што евентуално поседуваат такви информации да се обратат до надлежните институции во рамки на правниот систем на државата.

Воедно сакаме да информираме дека МЕР има постојана комуникација и соработка со гореспоменатото граѓанско здружение, со цел инклузивност, информираност и сеопфатност, и така ќе продолжиме и понатаму. Координацијата можеше да биде уште поефективна доколку граѓанската иницијатива воспоставеше појасна структура за комуникација со институциите, на што МЕР укажа некоку пати, и поради што се појавија извесни недоречености и недоразбирања.

Сепак, како резултат на овие разговори произлегоа низа предлози идеи и сугестии кои што придонесоа за намалување на влијанието врз животната средина, и ние им се заблагодаруваме на нивниот придонес.

Напоменуваме дека Владата, МЕР и Град Скопје ги прифатија најголемиот дел од барањата и сугестиите, како што се:
– Намалување и стеснување на работниот појас,
– Измена од 20км до 24км, со цел избегнување на сечење на дел од шумата
– Направен е проект за дополнителни мерки за ерозија,
– Програма за рекултивација на која што веќе работи работната група
– Носење на закони за Водно, Матка и Гази Баба, за кои веќе се работи во надлежните институции
– Финансирање на неколку еколошки проекти, за кои има одлука на влада
– и ред други технички барања и сугестии

Но, мора да се напомене дека барањето за изнаоѓање алтернативна траса во оваа фаза на реализација на проектот, не е возможна, од причини што неколку пати беа образложени.

Исто така, барањето на некои од иницијативите за откажување од проектот Гасификација е целосно неприфатливо бидејќи е спротивно на интересите на граѓаните, спротивно на заштитата на животната средина и спротивно на очекувањата на бизнис заедницата.

Во сите јавни дебати ги потенциравме нашите аргументи, а кои што беа потвредни од сите стручни лица од областа, дека поминувањето на подземен гасовод низ јужната страна на Водно ќе има минимимални и сосема незанемарливи влијаниа врз екосистемот на Водно, и скоро никакви влијанија врз амбиенталниот воздух на Скопје“ се вели во реакцијата на АД Македонски енергетски ресурси.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно