Евро-арапски самит во Атина

Од:

За соработката и заедничките предизвици, за теми поврзани со енергетиката, миграцијата, надворешната политика, економијата, инвестициите и слично, ќе стане збор на третиот Евро – арапски светски самит што од денеска почнува во Атина под покровителство на Европскиот парламент.

На дводневниот самит под наслов „Заеднички хоризонти“ учествуваат лидери на европските и арапските земји, како и претставници на Европската комисија, додека пак на почетокот, на присутните ќе им се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Свои обраќања на почетокот на првиот ден од Самитот ќе имаат и претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, комесарот за миграциска политика, Димитрис Аврамопулос, министри од владите на Мароко, Австрија, Малта, Србија, Египет, Катар, Либија и домаќинот Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција