Нов карван мигранти тргна кон САД, овојпат од Салвадор

Од:

Нова колона мигранти од централна Америка тргна кон САД, овојпат од Салвадор. Групата која тргна синоќа од главниот град Сан Салвадор се состои од над 300 луѓе.

Претходно во средината на овој месец илјадници луѓе од Хондурас тргнаа од државата во голема колона и тие случувања станаа важно прашање пред изборите за Конгресот во САД.

Минатата недела и низ Гватемала се движеше група од Хондурас и во еден момент беа над илјада луѓе.

Трамп и неговата Републиканска партија се обидоа да ја стават миграцијата како едно од важните прашања пред изборите на 6 ноември на кои партијата ќе се бори да зачува мнозинство во двата дома на Конгресот.

Салвадорските групи се организирани преку социјални мрежи.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти