Британската влада планира да вгради шпионски направи на телекомуникациските мрежи со цел да надгледува како нејзините граѓани користат сервиси како што се Фејсбук и Твитер, стои во извештајот на парламентарниот Комитет за безбедност и шпионажа на Велика Британија.
Целта за вградување на тие направи е да се надгледува активноста скоро на сите Британци кои работат на Интернет, од разговор со семејството преку Скајп до посета на порнографските веб-страници.
Британската влада наведува дека пристапот до комуникациските податоци е исклучително важен за борбата против тероризмот и другите видови на криминал.
Клучен предизвик за владата е тие податоци да ги добиваат од странски провајдери, компании од САД или од други места, кои можеби не сакале да бидат во врска со барањата на британските разузнавачки служби.