(ВИДЕО) Арсовски: 460.000 граѓани во Република Македонија секојдневно гладуваат

Од:

„460.000 граѓани во Република Македонија секојдневно гладуваат.

Граѓаните на Република Македонија тонат во сиромаштија. Животот кој што го ветуваше оваа власт на СДСМ дојде само за нивните функционери во Владата и за семејствата на блиските до СДСМ.

Според последниот извештај на Државниот завод за статистика стапката на сиромаштија во Република Македонија изнесува 22,2%“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа значи дека 460.000 граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија.

Скоро две години откако е СДСМ на власт граѓаните се повеќе и повеќе тонат во долгови и осиромашуваат. За жал
животот кој го донесоа СДСМ за граѓаните е повеќе од трагичен.

СДСМ со задолжувањата ја проби психолошката граница и секој ден само повеќе се задолжуваат, и истите тие задолжувања ќе ги отплаќаат идните генерации.

СДСМ треба да одговори кога граѓаните ќе ја добијат платата од 500 евра?

СДСМ исто така треба да одговори кога докторите ќе ја добијат платата од 100.000 денари?

СДСМ да одговори кога студентите ќе ги добијат двојно поголемите стипендии, што им ги ветуваа пред да дојдат на власт?

Но за жал, наместо овие лажни ветувања, граѓаните од ден на ден се повеќе ги трпат последиците од неспособната влада на СДСМ.

За Зоран Заев и криминалниот картел околу него не се приоритет граѓаните, туку ним приоритет им се криминалните бизниси и тендери кои што си ги доделуваат помеѓу нивните семејства и помеѓу нивните функционери.

Додека Зоран Заев насилно турка штетни договори на сметка на националните интереси на Република Македонија, животот во Република Македонија од ден на ден станува се понеподнослив.

Што побрзо си заминат од власт толку подобро за граѓаните на државата“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било