Поднесено барање за предвремено ослободување на Тарчуловски

Од:

Адвокатите на Јохан Тарчуловски ја започнаа постапката за негово предвремено пуштање на слобода и очекуваат дека Хашкото обвинтиелство ќе одговори позитивно на барањето, бидејќи во март ќе бидат исполнети сите услови на Хашкиот трибунал тој да биде условно ослободен по осум години минати во затвор.

Тарчуловски, кој ја издржува казната во германскиот затвор Дијаз, во март ќе отслужи осум години или две третини од дванаесетгодишната затворска казна поради настаните од август 2001 година во скопско Љуботен.

Неговиот адвокат Антонио Апостолски информира дека од страна на Управата на затворот Дијаз е поднесено барање до германското Министерство за правда за предвремено пуштање на слобода на Јохан Тарчуловски кое со целкупната документација ќе биде доставено до Хашкиот трибунал.

– Од страна на Министерството за правда на Германија се доставува целата документација на Јохан Тарчуловски до Судот во Хаг преку германската Амбасада што се наоѓа во Хаг. Откако ќе стигне докуметнација до Судот се доставува до Обвинителството на Хашкиот трибунал кој што треба да се произнесе за барањето за предвремено пуштање на слобода, вели Апостолски.

Тој верува дека Хашкото обвинителство ќе го уважи барањето и Тарчуловски наскоро ќе биде меѓу своите во Македонија.

– Со оглед на судската пракса на Хашкиот трибунал сметаме дека ќе биде уважено барањето на Јохан Тарчуловски и ќе биде предвремено пуштен на слобода со тоа што казната од 12 години затвор ќе му биде намалена на 8 години затвор, истакнува Апостолски.

Тарчуловски беше осуден од Трибуналот за убивање цивили во конфликтот во 2011 година заедно со Љубе Бошковски кој во тоа време беше министер за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска