Ѓорчев во Виена: Засилена соработка со Австриската народна партија од ЕПП и ИРИ

Од:

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во рамките на европскиот политички самит на ИРИ, оствари поголем број на билатерални средби, меѓу кои со Дитмар Халпер, директор на политичката академија на Австриската народна партија, кој е дел од Австриската народна партија (ЕПП). На средбата Ѓорчев се заблагодари за поканата за учество на самитот и можноста да се споделат искуствата помеѓу двете сестрински партии, а ваквата соработка и размена на искуства ќе продолжи во наредниот период.

Воедно, Ѓорчев се сретна со Роменд Пелфер, политички директор на Австриската народна партија. На средбата стана збор за билатералната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Австриската народна партија, која оствари големи успеси под раководство на актуелниот партиски лидер Себастијан Курц, кој е актуелен канцелар на Австрија.

Иан Картер, политички директор на Конзервативната партија од Велика Британија. На средбата тој стана збор за долгогодишната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија, која што трае 25 години. Ѓорчев го запозна соговорникот со најновите политички случувања во Македонија, а Картер се осврна на меѓународната соработка и иницијативи на Конзервативната партија.

Во текот на вчерашниот ден, Ѓорчев оствари средба со програмскиот директор на ИРИ за Европа, Тиболт Мезгре. На европскиот самит на ИРИ учествуваат претставници на партиите и експерти од САД, Велика Британија, Франција, Полска, Чешка, Романија, Словенија, Австрија и други земји.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ