Во последните две години американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) извршувала смртоносни напади со безпилотни летала од база во Саудиска Арабија, објави денеска „Њујорк тајмс“.
Од базата полетувале авиони кои бомбардирале борци на огранокот на Ал Каеда во Јемен.
За спорната пракса на напади со беспилотни летала денеска ќе се расправа пред Сенатот односно на сослушувањето на Џон Бренан, кој е именуван од американскиот претседател Барак Обама за директор на ЦИА.
„Вашингтон пост“ објави дека главниот владини советник за борба против тероризмот Бренан имал клучна улога во обезбедувањето на саудиска поддршка за изградба на база за беспилотни летала на територијата на арапското кралство. Бренан, кој е поранешен агент на ЦИА во Саудиска Арабија е глевниот архитект на политиката на Обама за напади со беспилотни летала.