(ВИДЕО) Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе законот за амнестија за настаните од 27 април

Од:

На новинарското прашање, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во процесот на поднесување на уставни измени и амандмани и дали очекуваат фидбек од владејачкото мнозинство за идејата за Закон за амнестија и што се тој би опфатил, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговори дека во однос на првиот дел од прашањето за уставните измени, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе има координација со раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на усогласување за стратегија за делување на наредниот период и веднаш штом се усогласи таа стратегија, штом се договори ќе биде презентирана во медиумите.

„Во однос за амнестијата морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ веќе во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април, сите лица нормално опфатени по скратена постапка. Мислам дека веќе во понеделник ќе го имаат медиумите тој закон кој што е составен од страна нормално склопен од врвни правници кои што учествуваа во градењето и правењето на тој Закон за амнестија за лицата од 27-ми април“, додаде Арсовски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник