Богдановиќ: Постапуваме на коректен начин при отстранувањето на дивите живеалишта

Од:

Општина Центар целосно го отстрани нелегалниот импровизиран објект во близина на Народната банка на Република Македонија. Вчера заврши уривањето, а денеска инспекциските служби заедно со фирмата која е надлежна за расчистување продолжија со расчистување на диви живеалишта во Кале и кај паркингот кај Холидеј ин, а според најавите од градоначалникот Саша Богдановиќ, акцијата ќе продолжи и на други локации доколку има пријави.

– Ние веќе подолго време расчистуваме со дивите живеалишта во општина Центар. Едно од поголемите беше живеалиштето кое се наоѓаше на „Јужен булевар“ во Урбан парк. Нам не ни претставува проблем да ги расчистиме ваквите живеалишта, но се трудиме да постапуваме на коректен начин и од човечки аспект. Се обидуваме заедно со институциите прво да најдеме соодветно сместување за лицата кои престојуваат таму. Цело време сме во контакт со социјалните работници и Министерството за труд и социјална политика и на тие граѓани им нудиме сместување и помош, но сепак кога ќе видиме дека не сме во можност или не сакаат да прифатат мора да пристапиме кон уривање бидејќи претставуваат потенцијална опасност за граѓаните кои живеат таму, рече градоначалникот Богдановиќ во одговор на прашање на денешната прес-конференција по повод една година од стапувањето на функцијата.

Тој нагласи дека пред да пристапат на отстранување на објектот неколку пати апелирале и биле на средби со жената која живееше таму, но не можеле да најдат соодветно решение.

-Од страна на Министерството не информираа дека повторно ја контактирале жената и оти пред извесно време била сместена во дел од социјалните центри. Очекуваме сега, кога нема каде да оди, повторно да се врати таму, рече Богдановиќ.

Во општината, како што потенцира, засега се отстранети две нелегални живеалишта и нема пријави за нови.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски