Власта очекува опозицијата да се вклучи во подготовката на нацрт уставните амандмани

Од:

Нацрт – амандманите на Уставот за кои тече рокот што произлегува од петочната одлука на Собранието, се во фаза на изготвување. Се прават обиди во консултациите за нивното изготвување да се вклучат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но засега тоа нема да се случи. Сепак, нацрт амандманите би можеле да се најдат во Собранието за викендот или од понеделник.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека се остава време за вклучување на пратениците од опозоцијата во консултациите, иако изразуваат песимизам дека тоа ќе се случи.

Доколку тоа не се случи, во консултациите, велат од таму, ќе биде вклучена евентуално новата пратеничка група.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема конкретни информации дали навистина нивните пратеници не сакаат да се вклучат во консултациите за нацрт-уставните амандмани. Од опозициската партија нагласуваат дека допрва ќе се носи одлука како партијата ќе постапи во однос на ова прашање. Одлуката ќе ја донесат во договор со пратениците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера кажа дека во однос на најавата за консултации за подготовка на нацрт-амандамните на Уставот, обврска на предлагачот е да подготви Нацрт – амандмани, но неспорно е да се направат консултации претходно во однос на замислата меѓу пратениците и Владата.

Тоа не е исклучено како можност, потенцира Џафери. Не одговори кога ќе почнат овие консултации што беа најавени од премиерот Зоран Заев.

– Не мора да значи денеска конкретно. Владата доби соодветен рок од 15 дена со заклучокот на Собранието при донесувањето на одлуката и треба да го почитуваат тој рок, а дали ќе почнат денеска или утре, или задутре тоа е веќе нивна одлука, рече претседателот на Собранието.

Премиерот Зоран Заев во средата истакна дека останува отворен за вклучување на опозицијата во делот на сугестии за зајакнување на идентитетот, гаранцијата на определбата и гласањето во Грција, нашата интеграција во ЕУ. Најави консултации со пратеничките групи, почнувајќи од вчера. Но, според информациите од Собранието тоа не се случи, а неизвесно е дека воопшто ќе се случи.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Димитровски: Без подадена рака, нема внесување на Бугарите во Уставот

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он