(ВИДЕО) Василевска: СДСМ крати над 29 милиони евра од Буџетот наменет за образование

Од:

„СДСМ крати над 29 милиони евра од Буџетот наменет за образование. Ветуваа инвестиции во образованието, подобри услови во основното, средното и високото образование кога беа во опозиција, а сега кога се власт образованието воопшто не е ни на нивната листа на приоритети.

Најголемо кратење во секторот образование е во делот на капитални расходи и инвестиции, во дело инвестиции и овие кратењата се 5 милиони и 700 илјади евра, додека за капитални расходи се кратат неверојатни 13 милиони и 530 илјади евра. Тоа се почитувани, над 19 милиони евра за инвестиции, што подразбира изградба и реконструкции на школи и научни установи, набавки на опрема и многу друго што е потребно за функционирањето на образованието“, рече Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кратењата во образованието буквално се во сите сектори, почнувајќи од основно образование, каде се кратат над 1 милион евра, тоа се кратења во изградба и реконструкции на школи, набавка на опрема и материјали. Ова се пари кои власта ги крати од најмалите во образовниот процес, таму каде што се најнеопходни.

Власта крати и од ставките за средно образование и тоа 880.000 евра. Додека од ставката за ученички стандард се кратат неверојатни 1 милион и 750 илјади евра.

Високото образование е најзафатено од големите кратења на власта, секторот во кој ветуваа големи инвестиции денеска скратија 5 милиони евра.

Студентите се идните академски граѓани, тоа се луѓето кои за година две по завршувањето на своето образование треба да се вклучат на пазарот на трудот и во општествениот живот во Република Македонија, оваа група луѓе беше најмногу манипулирана од страна на СДСМ, на кои им беа дадени многу ветувања, а за сега ништо од тоа да не реализираат, и сега само напротив да кратат и да ги отфрлаат настрана.

Намалување на средства има и во ставката за наука, тие со години ветуваа дека ќе се зголемат средствата и ќе се зголеми нивото на финансирање во науката, но сега не само што не го зголемуваат, туку напротив и го намалуваат.

Намалувањето на средства за образование е доказ дека оваа власт нема намера да инвестира и да работи за подобро образование. Со оваа власт, не само што образованието не оди напред, туку тоа напротив оди назад. СДСМ се покажа како неспособна да менаџира со образованието, токму затоа истата треба да си замине“, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450