(ВИДЕО) Трајковска: Единствено што успеа Богдановиќ е да реконструира 2 улици

Од:

„Една година помина од владеење на Саша Богдановиќ како градоначалник на Центар и една година жителите на Центар не видоа никаква корист од тоа.

Во ова година видовме лаги, неработење, нефункционалност, ѓубре на секој чекор и никаква грижа за животната средина.

Богдановиќ не успева да ги исполни своите ветувања што ги има напишано во неговата сликовница наречена „План за Живот“, рече Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Проектите кои ги вети дека ќе ги направи до 2018-та и почетокот на 2019-та година, а не ги реализира се: изградба на Дневен центар за деца, Реновирање на просториите на Урбаните Заедници, Здравствена заштита и нега на лица со физичка попреченост, Решенија за сообраќај и животна средина што гарантира здравје и безбедност и Нула глад во општина Центар – отвoрање банка за храна.

Единствено што успеа Богдановиќ е да реконструира само 2 улици од над 30 што им ги вети на жителите на Центар.

Во оваа година не видовме никаков почеток ниту најава за изградба на ниту една капитална инвестиција. Нема почеток ниту на изградба на гасоводот, ниту на новата градинка во Маџар Маало ниту пак почеток на изградбата на новата сала на „Работнички“.

Но затоа сме сведоци на нови партиски вработувања и полнење на администрацијата во Општината и во ПОЦ.

Центарци ја почувствуваа на своја кожа неспособноста СДСМ и на градоначалникот Богдановиќ кој покажа и докажа дека ниту има визија, ниту знае како да ја направи општина Центар поубаво место за живеење“, изјави Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории