Подобрени услови за повеќе од 2000 дечиња и вработени во јавните детски градинки во Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода водејќи грижа за најмладите обезбеди повеќе прочистувачи за воздух за двете јавни детски градинки кои се во нејзина надлежност. Додека, во една од градинките обезбедни се и реквизити кои ќе помогнат во развојот на дечињата.

Градоначалникот Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и секретарот, Александар Алексовски, беше во посета на дечињата и вработените во објектите на ЈДГ „Весели Цветови“ и ЈДГ „8 Март“.

Имено, со поддршка од Општината за потребите на овие две јавни детски градинки извршена е набавка на прочистувачи за воздух, кои при поголеми надворешни загадувања на воздухот значително ќе го подобрат квалитетот на истиот во нив, а воедно, ќе се намали и ризикот од заболувања на дишните патишта кај дечињата. За оваа цел, по пат на дотации од страна на Општина Кисела Вода, во ЈДГ „Весели Цветови“ поставени се 20 прочистувачи за воздух. Додека, неодамна во оваа градинка беа донирани 15 прочистувачи за воздух. Со последната набавка која ја обезбеди Општината, во сите 6 објекти на ЈДГ „Весели Цветови“ поставени се 35 прочистувачи за воздух.

Покрај ова, ЈДГ „Весели Цветови“ со поддршка од локалната самоуправа за дечињата кои престојуваат во нејзините 6 објекти обезбеди нови играчки и дидактички материјали за сите воспитни групи. Децата кои ја посетуваат оваа градинка при нивниот престој во истата ќе си играат со различните дрвени сложувалки, ролкостери, друштвени игри и реквизити за физички активности преку кои ќе го потикнуваат социоемоционалниот и психомоторен развој.

Исто така, и за ЈДГ „8 Март“ Општина Кисела Вода изврши набавка на 31 прочистувач за воздух, за сите занимални во нејзините објекти. Воедно, оваа градинка од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби донација од 11 прочистувачи за воздух. Со помош од Општината за вработените обезбедени се и нови униформи.

Воедно, двете јавни детски градинки работејќи во насока на подобрување на условите за згрижување на дечињата во објектите на градинките, распишаа јавни набавки за опрема (масички, плакари, столчиња, креветчиња, гардеробери, клупи и сл.) како и кујнска опрема, бела техника, дидактички и кровен материјал и сл. До крајот на овој месец со поддршка од Општината ќе се дообезбедат прочистувачи за воздух и за останатите објекти на јавните детски градинки. Градоначалникот Филип Темелковски при оваа посета во градинките се запозна со дечињата кои престојуваат во нив. Темелковски разговараше и со директорките и вработените, се интересираше за потребите за подобрување на условите за работа и престој на децата во нив.

Градоначалникот нагласи дека и во иднина ќе продолжи да вложува максимални напори за подобрување на условите за дечињата во јавните детски градинки.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода