Саудиски дипломати изјавиле дека оригиналниот план бил да се убеди саудискиот новинар Џамал Кашоги да се врати во Саудиска Арабија.
Доколку Кашоги тоа го одбие, како што изјави еден дипломат за Си-ен-ен, планот бил да се дрогира со средство за смирување и да се однесе во „сигурна куќа“ во Истанбул на 48 часа.
Ако и после тоа Кашоги продолжувал да одбива да се врати во Саудиска Арабија, тимот требало да го остави, а локалниот соработник да го пушти, наведува неименуваниот дипломат.
Тој исто така кажа дека бил присутен и форензички експерт, кои требало да ги уништи сите докази за присуството на Кашоги во конзултот и во сигурната куќа, за доколку тој тврди дека бил киднапиран, да нема докази за тоа.
Спроед раскажувањето на дипломатот , околу 15 Саудијци учествувале во операцијата, од кои девет биле во конзулатот, три или четири го испрашувале, а останатите се занимавале со логистика.
Остатокот од тимот го чекал во сигурната куќа.
Кашоги бил вознемирен откако му кажале дека ќе го дрогираат и пренесат во сигурна куќа, по што започнал да се спротивставува и тогаш бил задавен, по што починал.
Саудиските дипломати не им дозволија на турските полицајци кои го истражуваат убиството на новинарот да го пребараат бунарот во дворот на саудискиот конзулат во Истанбул, пренесе денес агенцијата Анадолија.
Тие цитраат неименувани безбедносни извори, но наведе дека турските истражувачи веруваат дека во бунарот може да бидат скриени клучните докази.
Турските форензичари во истрагата за смртна на Кашоги го пребараа конзулатот и резиденцијата на генералниот конзул, како и возилата на конзулатот.
Саудиска Арабија објави дека Кашоги, кој е критичен кон саудиското кралско семејство, слуајно настрадал во тепачка во конзулатот на 2 октомври. Турција тврди дека убиството на новинарот било одбред испланирано.