Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров верува во нови добри изданија и успеси кои го следеа националниот тим изминатиот период.
„Црвено-жолтите“ утре против Турција стартуваат во квалификациите за Европското првенство 2020.
Почнуваме нов циклус, заедно со новиот наш партнер „Халкбанк“ се надеваме на нови успеси. Знаеме која ни е целта. Со максимален респект кон сите репрезентации од нашата група, се надевам дека со добра игра, квалитетна игра, дека ќе бидеме од ден во ден подобри и ќе ги искористиме овие натпревари за настапите на Светското првенство во јануари во Германија, рече Лазаров на денешната прес-конференција.
Средбата со Турција ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.