Зетот со штрафцигер го избодел дедото, а претходно ја претапал сопругата

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Т.(38), државјанин на Норвешка, со привремен престој во Куманово за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста при семејно насилство“.

Во март 2012 година, пријавениот по кратка вербална расправија со Б.Д.(41), физички го нападнал и со солзавец го испрскал во пределот на очите, а му го скршил и прозорското стакло од неговото возило.

На 4-ти април во куќата во која живее под кирија, започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.С.-Т.(37) и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници и клоци по телото и лицето, а откако таа побарала помош од нејзините родители, тој со штрафцигер го нападнал нејзиниот татко М.С.(67).

При туркањето, пријавениот се здобил со убодна рана во пределот на градниот кош и коленото.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата