Рангелова: Ни треба проевроатлански ориентирано ВМРО-ДПМНЕ, а не изолирано

Од:

„Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме. Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано“, порача Даниела Рангелова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

„Проевроатлански ориентирано а не изолирано!
Ни треба разум и храброст а не очај и паника!
Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување!
Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното!
Ни треба зајакнување а не недоверба!
Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност!
Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност!
Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството!
Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ!
Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност!
Честит 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!“ напиша Рангелова.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ