Основните училишта во Кисела Вода ќе бидат побезбедни

Од:

Општина Кисела Вода за првпат во сите основни училишта кои се под нејзина надлежност ги презема трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите. Претходно оваа обврска беше на товар на родителите.
Преземањето на оваа обврска од страна на Општината има за цел намалување на трошоците на училиштата и искористување на средствата во други цели кои ќе овозможат подобрување на условите за учениците и вработените во истите.

Имено, локалната самоуправа по претходно спровдена постапка за јавни набавки, ја избра Агенцијата за обезбедување Бранител, која од вчера па се до истекувањето на договорот до 31.08.2019 година ќе врши 24 часовно обезбедување на објектите.

Благодетите од обезбедувањето во сите 13 училишни објекти (централни и подрачни) ќе ги уживаат вкупно 5280 ученици, како и вработените во нив. Физичкото обезбедување од понеделник до петок, во временскиот период од 07:00 – 17:00 часот ќе го врши по едно лице во објект. Додека, за време на викендите, во сабота и недела, во периодот од 00:00 -24:00 на објектите ќе се врши патролно обезбедување со минимум 10 обиколки на растојание од минимум два часа. Покрај ова, објектите ќе бидат безбедни и во периодот на зимскиот и летниот распуст на учениците, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода