Општина Кисела Вода работејќи во насока на унапредување на спортот на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски оваа година по вторпат објави јавен оглас за доделување на материјална поддршка на спортските субјекти кои опстојуваат на нејзината територија.
Имено, за истата можат да аплицираат сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија и спортски институции кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на локалната самоуправа. Доделувањето на материјалната поддршка има за цел да го подобри работењето на спортските субјекти за тековната 2018 година, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.
Рокот за пријавување започна на 22 октомври и ќе трае 5 работни дена, односно до 29 октомври 2018 година, до 16:30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. „Петар Делјан“ бр. 17 или во архивата на Општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и институции – Комисија).
Сите заинтересирани за аплицирање на овој јавен оглас можат да се информираат на веб страната на Општина Кисела Вода, на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/