Ден по смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги вработени во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул палеле документи, покажуваат најновите објавени инсерти на турската телевизија А Хабер.
Инсертите се од непсоредна близина на Конзулатот и на нив се гледаат три млади лица како палат хартии во корпа за смет.
Американската телевизија Си-Ен-Ен објави во понеделникот дека оперативец од 15-член тим осомничени за смртта на саудискиот новинар, облекол облека на Кашоги со лажна брада и очила и излегува од Конзулатот на споредна врата, четири часа откако влегол во Конзулатот.