Мурињо: Останувам во Манчестер Јунајтед до крајот на договорот

Од:

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ги демантираше информациите за негово евентуално враќање во Реал Мадрид.

Според гласините во шпанските медиуми тој би можел да го замени Хулен Лопеги во мадридскиот клуб, кому му се заканува отказ по серијата слаби резултати.

– Сакам да останам во Манчестер Јунајтед до крајот на договорот, но и по неговото истекување, истакна португалскиот стручњак.

Мурињо на прес-конференцијата пред натпреварот со Јувентус во Лигата на шампионите одби да одговори на прашањето за состанокот на Пол Погба со поранешниот член на Јунајтед, Кристијано Роналдо, и со неговиот поранешен тренер Масимилијано Алегри.

– Не сакам да говорам за Погба, ниту за било кој играч. Не сакам да разговарам ни со шпанските новинари бидејќи нив ги интересира само Реал и Роналдо, наведе Мурињо.

Манчестер Јунајтед утре во третото коло од групата Х во Лигата на шапионите го пречекува италијанскиот првак Јувентус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Јунајтед потроши 84 милиони евра на отпуштените менаџери

А1он

Тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед

А1он