Според испитувањето на институтот ТНС Софрес за француските медиуми Франс Инфо, Ле Монд и Канал Плус, 47 отсто од испитаните Французи изјавиле дека Националниот Фронт (партијата на крајната десница) не претставува опаснос за демократијата, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Ова е досега незабележан резултат за Националниот Фронт од 1984 година. Истовремено за 54 отсто од испитаниците, кои изјавиле дека се симпатизери на конзервативната УМП, лидерката на Националниот Фронт Марин Ле Пен ја претставува „патриотската десница, приврзана на традицоналните вредности“.
Националниот Фронт има два свои пратеници во француското Национално собрание, од кои едната е внука на основачот на партијата Жан-Мари Ле Пен.