Започна средбата помеѓу премиерот Заев и Метју Палмер

Од:

Заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер пристигна во Владата на Република Македонија каде ќе одржи средба со премиерот Зоран Заев на која ќе се разговора за актуелните случувања на политичката сцена во Македонија.

Метју Палмер денеска покрај средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, имаше средби и со политичари од албанскиот блок. Првата средба ја оствари со лидерот на скопскиот блок од БЕСА, Африм Гаши, потоа во клубот на пратеници се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а разговараше и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Пред минатонеделното гласање за потребата од уставни промени, американскиот заменик помошен државен секретар изјави дека не треба да се градат некакви илузии оти Македонија може да стане дел од НАТО и ЕУ преку некој друг договор со Грција. Тој на самитот за безбедност во Белград истакна дека договор како Преспанскиот е единствена шанса за помирување помеѓу Македонија и Грција.

По средбата некаде околу 18 часот следува заедничка прес конференција на Заев и Палмер.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски