Египетската полиција го уапси Абдул Калик Фарук, автор на книгата за економијата на земјата, „Дали Египет навистина е сиромашна земја”, обвинувајќи го за лажни информации во книгата, потврди денеска неговата сопруга и безбедносни извори.
Неговото апсење се случи откако локални медиуми објавија дека властите го одзеле ракописот за книгата од издавачот, во кој Фарук ја критикува економската политика на владата.
Безбедносните извори велат дека Фарук бил уапсен и однесен кај обвинител, додека неговата сопруга изјавила дека тројца полицајци, кои го уапсиле Фарук, навеле дека апсењето е поврзано со книгата.