Од ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска преку соопштение испратија потсетување до граѓаните кои се корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација –Скопје, како и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, а кои што имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен), ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
„Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15.10.2018 година, заклучно со 03.11.2018 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот“, наведуваат од водовод и канализација во своето соопштение.